Три причини заради кои се лупи лакот на ноктите: Еве како да му го продолжите рокот на траење

popara4 септември, 20231min00
550712de684316164627ad03f771362b4234e862

Без разлика дали го правите тоа сами дома или во салон, знаете за каков маникир зборуваме: рамно нанесена боја, без меурчиња или празни места. Најдобро е кога ќе трае малку подолго, поради што ги сакаме маникирите со гел лак. Брзо се сушат, траат подолго од класичен маникир, а сјајот на бојата трае онолку колку што сакаме. Звучи премногу добро за да биде вистина, но така е. Ноктите со гел, сепак, се склони кон пукање и одвојување од ноктот.

Постојат три причини зошто се појавува оваа досадна ситуација:

1. Структура и место

Вашиот природен нокт има свој облик, а доколку лакот не ја следи неговата природна форма и не е рамномерно распореден, ќе дојде до пукање на страната на ноктот или на средината. Ако се стави премногу лак на страните или во коренот на ноктот, тој ќе се подигне и ќе се расцепи. Поголемиот дел од лакот треба да го ставите во средината, а од таму да го намачкате кон рабовите на ноктот.

2. Премногу турпирање

Кога ноктот е премногу истурпиран или неговата природна форма е премногу искривена, тоа ги ослабува рабовите на ноктот. Колку е послаб ноктот, толку помалку лакот ќе се залепи на него – што доведува до пукање. Кога ги израмнувате ноктите, погрижете се да ја движите турпијата во една насока, а не напред-назад (што сите генерално го правиме).

3. Вид на гел-лак

Некои формули за гел се пофлексибилни од другите, што значи дека ќе бидат подобри за вас отколку да изберете некоја што не е. Жените кои имаат природно меки и послаби нокти треба да користат пофлексибилна формула, а доколку имате поцврсти нокти, посилна формула за гел-лак ќе биде најдобриот избор за вас. Можеби ќе ви биде тешко да изберете кој тип на гел најмногу ќе ви одговара, но професионалец за маникир ќе може да ја одреди состојбата на вашите нокти и да препорача специфичен гел-лак. За жал, некои салони користат само еден вид гел-лак, па можеби ќе треба да одите во друг салон.

Некои поважни факти:

– Ако нанесете подебел слој лак, тој практично ќе се „задуши“ и нема да може да се исуши правилно. Ова доведува до појава на меурчиња, кои не сакаме да ги гледаме.

– Маникирот нема да ви биде добар ако почнете да го правите на мрсни нокти. Нашите раце и нокти имаат природни масла, па ако нанесете лак врз таков нокт, бојата нема да се впие рамномерно. За да ја избегнете оваа појава, измијте ги рацете со сапун и вода пред да почнете да ги лакирате ноктите. По сушењето, врз нив нанесете прајмер за да го отстраните вишокот масло.

– Друг начин да го продолжите времетраењето на маникир е да се грижите за рокот на траење на лакот. Ако вашиот лак е стар, неговата формула ќе почне да се распаѓа. Проверете дали рокот на употреба е поминат и да нема многу воздух во шишето што предизвикува меурчиња.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag