Многу жени мислат дека најголемото задоволство на мажите е кога ќе постигнат оргазам – сосема неточно!
Мажите сакаат многу работи кога е сексот во прашање, но овој пат се работи за желби за кои баш и не се зборува. Што сепак најмногу импресионира еден дечко во креветот? Изненадувачки (или можеби не, момците имаат репутација дека се мрзливи), повеќето признаа дека не се баш заинтересирани за театар или изведба на трапез.
Всушност, многу мажи велат дека се едноставни суштества кои во основа само сакаат нивните жени да се појават. Но, ако сакате да му дадете нешто посебно, би сакале нешто од ова…
САКА ДА ВЕ ГЛЕДА… ГОЛА!
Оставете ги светлата вклучени. Можеби претпочитате да се криете во сенките или темнината бидејќи можеби немате доволно самодоверба кога станува збор за вашиот изглед. Но, знајте дека мажот сака да ја гледа својата партнерка целосно гола. Сака да ја гледа во очи за време на сексот и да ужива во женската голотија. Ако сте загрижени за вашите маани и несовршености, ќе го криете вашето тело, што негативно влијае на интимноста. Научете да сакате и да го покажувате вашето тело во спалната соба.
ДАДЕТЕ МУ ИСКРЕНИ ИНСТРУКЦИИ КАКО ДА ВЕ ЗАДОВОЛИ
Можеби се грижите дека тој може да мисли дека го критикувате, но начинот на кој ќе кажете нешто е важен. Наместо да му укажете на она што не ви се допаѓа или што не ве привлекува, разјаснете му што ви се допаѓа и што ве возбудува. Мажите сакаат да добиваат инструкции од партнерката, а сакаат и да добиваат повратни информации. Дајте му до знаење кога прави нешто што ви се допаѓа – тоа е целата филозофија. Давањето сигнали и повратни информации е најдоброто нешто што една жена може да му го даде на својот партнер кога е сексот во прашање. Не двоумете се. Тоа е за ваше и негово добро.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ФОКУСОТ ДА ВИ БИДЕ НЕГОВАТА КУЛМИНАЦИЈА
Многу жени мислат дека најголемото задоволство на мажите во сексот е да постигнат оргазам. Тоа не е точно. Постојат две работи кои на мажите им даваат големо задоволство во сексот. Првата е кога партнерката му дава можност да ужива во нејзината убавина, а втората е кога таа му помага да научи како да ја задоволи. Покрај тоа, и мажите сакаат предигра, и уживаат во неа. Голем дел од задоволството на мажот е да ја задоволи партнерката и да ја направи среќна затоа што тоа прави да се чувствува моќно, ценето и успешно. Секако, има моменти кога и мажите и жените сакаат брз и „валкан“ секс, а сето тоа заедно е дел од квалитетниот сексуален живот.