Три типа на намирници кои можат да предизвикаат надуеност: Намалете го нивниот внес на минимум

popara17 април, 20231min00
ced06dc16c873e56e60a97ad98187530d5bcc895

Намалете го нивниот внес на минимум

Добро е да знаете која намирница да ја избегнувате за да ги намалите шансите за надуеност и гасови.

Црвено и преработено месо

Ако често јадете црвено или преработено месо, тоа не само што може да предизвика чувство на надуеност, туку може да го зголеми и ризикот од рак на дебелото црево. Преработеното месо е особено штетно, бидејќи поминува низ различни процеси на преработка пред пакувањето. Мастите од овие намирници можат да доведат до проблеми со крвните садови.

Гума за џвакање

Гумата за џвакање предизвикува да голтате повеќе плунка и повеќе воздух, што може да придонесе за гасови и надуеност. Доколку имате проблеми со надуеност, земете бонбони како посоодветна замена за оваа намирница.

Газирани пијалоци

Газираните пијалоци генерално треба да се избегнуваат, бидејќи се полни со рафиниран шеќер и носат т.н. „празни“ калории. Меурчињата кои се наоѓаат во газираните пијалоци содржат воздух, што значи дека воздухот завршува внатре во системот за варење и предизвикува надуеност. Исто така, треба да избегнуваме да пиеме газирани пијалоци со сламка, бидејќи на тој начин голтаме дополнителен воздух.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma