Веќе со појавата на првите симптоми на настинка веднаш бараме решение со помош на кое сите непријатности брзо ќе ги отстраниме. Но понекогаш е подобро да се стрпимемалку , затоа што така побрзо ќе оздравиме.
Кашлањето е уште еден продуктивен симптом затоа што ги прочистува дишните патишта од густата слуз која би можела да пренеси бактерии во белите дробови и да ги рашири во целото тело. Дури се покажа дека е подобро да не се лекува затнатиот нос. Понекогаш е подобро да го забрзате крвотокот затоа што преку него се затоплува опфатено подрачје и помага да се низ секретот лачат вируси од телото. Затоа, штом ќе ги почувствувате првите симптоми на грип или настинка треба да се затоплувате и што повеќе одмарате. Така ќе ја сочувате енергијата која и е потребна на телото за имунолошката војна.
Инхалирајте се, затоа што пареата ги навлажнува носните патишта и релаксира. Доколку немате инхалатор, истиот ефект ќе го постигнете ако подлабок сад наполнете со жешка вода и во неа додадете една до две капки етерично масло од еукалиптус или нана. Главата прекријте ја со крпа за да ја задржите пареата. Вдишувајте ја во интервалите од пет минути.
Намачкајте балсам под носот затоа што ментол, еукалиптус и камфор ги отвораат носните патишта и помагаат да се обнови кожата која е иритирана со постојаното дување на носот. Исто така навечер можете да ставете под главата уште една перница затоа што така ќе овозможите да насобраниот секрет полесно излези од носот, а не да се слива во грлото.
Лукот и топлата солена вода го отчепува носот. Солена вода ги растворува назалните затнувања и во исто време ги отстранува вирусите и бактерии од носот. Овој раствор се добива доколку во една четвртина лажица сол и една четвртина лажица прашок за печиво растворете во 2,5 децилитри топла вода.
Плакнењето на грлото е многу важно затоа што на тој начин еснадокнадува влагата во воспаленото грло. Во чаша топла вода растворете лажица сол и со тој раствор четири пати на ден плакнете го грлото. За да го намалите гребењето и зарипнатост, пијте чај во кој има танини кој ја стега мембраната. Делотворен е и растворот кој е популарен во народната медицина – исцедете сок од лимон, измешајте го со децилитар топла вода и во тоа додадете лажица – две мед. Оставете да се овој раствор олади на собна температура па со него исперете го грлото.
Со храната зајакнете го имунитетот – од настинката и грипот можете да се одбраните и без вакцина. Човечкиот имунолошки систем составен е од антитела и многу други елементи кои се сочинети од протеини. Голем број на студии покажаа да имунолошкиот систем слабее доколку во организам не се внесува доволно протеини или калории и ако се во главно јаде мрсна храна. Исто така, имунитет слабее и доколку храната е сиромашна со маснотии или јаглените хидрати. Имунолошкиот систем го зајакнуваат витамините Б6, Б12, Ц, Е фолна киселина, железо и цинк. Правилната исхрана, вежбањето и доволно сон ќе помогне да се одбранете од грипот и настинката.
Црвениот и белиот кромид помагаат да се излекува бронхитисот и другите инфекции. Лукот има анти бактериски и анти вирусни својства.
Црниот и зелениот чај содржат катехин, состојка која е природен антибиотик и спречува пролив.
Брусница спречува бактериите да ја нападнат бешиката и уринарниот тракт.
Пиперката е полна со витамин Ц.
Морковот е богат со бета каротен.
Босилекот ја намалува главоболката која се јавува како последица од настинка.
Чили пиперчиња поради лутината ги отвораат синусите, помагаат да се раствори слузта во белите дробови и го засилуваат потењето.
Рен исто така помага да се раствори слузта во дишните патишта.
Боровинка е добра против пролив, делува како аспирин затоа што можи да ја намали температурата и да ги олесни болките.
Оризот делува против пролив.
Бананата ќе го смири нервозниот желудник.