Улогата на витаминот Ц во негата на кожата на лицето: Сè што треба да знаете пред да почнете да го користите

popara18 јули, 20231min00
Screenshot_7

Витаминот Ц е многу популарна состојка за нега на кожата во последно време, пред сѐ затоа што дава брзи, видливи резултати, но и многу корисни резултати на долги патеки.

 

 

 

Витаминот Ц е познат по тоа што го зајакнува имунитетот и го намалува воспалението.

Има три вообичаени начини на кои го примаме витаминот Ц во нашиот организам, преку овошје или друга храна што го содржи, преку суплементи и преку производи за нега на кожата како серуми и креми. Постојат повеќе форми на витамин Ц, но аскорбинската киселина, поточно Л-аскорбинската киселина е најпотентната форма на витамин Ц од која кожата има најголем бенефит и затоа се користи во козметичките производи.

 

Витаминот Ц е многу популарна состојка за нега на кожата во последно време, пред сѐ затоа што дава брзи, видливи резултати, но и многу корисни резултати на долги патеки.

 

Ја намалува хиперпигментацијата и го подобрува тенот

 

Нерамномерниот тен може да се јави поради различни причини како лузни од акни, флеки предизвикани од сонце, црвенило и сл. Иако причините се различни, може да се третираат со една состојка, а тоа е витаминот Ц. Хиперпигментираните дамки се јавуваат кога прекумерно се создава темниот пигмент меланин на одредени делови од кожата. Способноста да го осветлува тенот се должи на улогата на витаминот Ц во инхибирање на тирозиназата, ензим кој е катализатор во процесот на создавањето на меланин. Така витаминот Ц интензивно го намалува создавањето на меланин и со тоа го изедначува тенот.

 

 

Витаминот Ц е моќен антиоксидант

 

Витаминот Ц е познат по своите антиоксидантни својства, со што помага да се неутрализираат слободните радикали и да се спречат оштетувањата кои тие ги прават на клетките и ткивата, а со тоа го спречува предвременото стареење на кожата.

 

Има антиинфламаторно дејство

 

Витаминот Ц го забрзува циклусот на обнова на клетките, со што го забрзува заздравувањето на кожата. Антиинфламаторното дејство го спречува црвенилото, воспалението, па дури помага и при изгореници од сонце.

 

Го поттикнува создавањето на колаген

 

Витаминот Ц е познат по поттикнувањето на синтезата на колаген. Бидејќи витаминот Ц е киселина, со негова примена кожата е поттикната да се „излечи“ со зголемувањето на продукцијата на колаген. Колагенот е протеин природно присутен во кожата, на кој се должи нејзината еластичност и цврстина, а кој се намалува со текот на годините. Намаленото количество на колаген ја предизвикува појавата на брчки и опуштање на кожата. Додавањето на витамин Ц во рутината за нега го стимуира создавањето на колаген, со што кожата подолго време го задржува младешкиот изглед.

 

Доколку сте во потрага по ефикасен и квалитетен серум со витамин Ц, Olpeo – продавницата специјализирана за корејска козметика, ви ги препорачува Klairs Freshly Juiced Vitamin Drop и By Wishtrend Pure Vitamin C 21.5% Advanced Serum.

 

Klairs Freshly Juiced Vitamin Drop е серум на познатиот корејски бренд Dear, Klairs, кој содржи 5% чист витамин Ц. Се препорачува за оние кои првпат воведуваат витамин Ц во својата рутина. Може да се употребува секојдневно како дел од дневната и вечерната рутина. Иако серумите со витамин Ц најчесто се препорачува да се употребуваат навечер, овој серум може да се употребува и преку ден, но секако не смее да се користи без крем со висок заштитен фактор.

 

By Wishtrend Pure Vitamin C 21.5% Advanced Serum е серум на корејскиот бренд By Wishtrend, кој е со голема концентрацијана на чист витамин Ц од 21,5%. Тоа е моќен серум чии резултати ќе ги видите и по две недели од употребата. Сепак тоа не е нежен серум што може да се користи секојдневно како

 

Klairs Freshly Juiced Vitamin Drop, туку повеќе се користи како додаток кон специјална рутина за нега кај кожа со флеки од акни и уморна кожа. Строго се препорачува да се користи само како дел од вечерната рутина.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag