Уметничко дело од високата мода: Од цената на овие чевли ќе ви се заврти во глава, а се доставуваат на специјален начин

popara22 октомври, 20231min00
65217_profimedia-0476255163_f

Во светот на модата и луксузот, сензација која ја тресе светската сцена на чевли од 2017 година се чевлите Moon Star на италијанскиот дизајнер Антонио Виетри, кои ги маѓепсаа сите љубители на луксузот.

Светот на гламурот се збогати со овие најскапи чевли на светот, чија потпетица е изработена од чисто злато, предната страна е украсена со 30 карати дијаманти и парче од аргентинскиот метеорит од 1576 година.

Виетри ги дизајнираше златните чевли пред 6 години, а со хеликоптер им ги достави на жените кои ги сакаа во нивните колекции. Тие беа претставени за прв пат на јахта, во една од најинтригантните метрополи во светот – Дубаи. Тие се симболично дизајнирани по моделот на Бурџ Калифа, во чија форма е направена петицата на чевелот, пренесува Курир.

Цената на овие ексклузивни чевли е неверојатни 20 милиони долари по пар, што ги прави не само најскапите женски чевли на планетата, туку и вистинско уметничко дело на високата мода.

Брендот Moon Star привлекува богати и вистински љубители на луксузот ширум светот, а по овие чевли, сигурно, ниту еден друг пар нема да изгледа прескапо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma