Извршниот директор на брендот „Laundry heap“, Дејан Димитров, вели дека повеќето алишта можат да излезат од машината за сушење „како испеглани“, ако во неа ставите две или три коцки мраз.
„Топлината на машината за сушење ќе го стопи мразот и ќе создаде пареа која ќе ги измазни поголемиот дел од наборите на облеката“, вели Димитров, а ако се прашувате дали навистина така функционира мразот во машината за сушење, водителите на популарната американска дневна емисија „Добро утро Америка“ објавија и видео на „YouTube“ со наслов: „Родители, немојте повеќе да пеглате: Овој трик може да ви го промени животот!“
Доколку планирате сами да проверите каква ќе ви биде облеката по сушењето со мраз, корисниците на порталот за родители „Moms“ советуваат и никогаш да не ја преполнувате машината бидејќи пареата најдобро ќе делува на помала количина облека.
Исто така, пренесува „Večernji list“, облеката треба да се остави извесно време на закачалка по сушењето и пред диплење, а трикот, велат, е идеален за сите оние кои постојано брзаат. Така, вториот пат кога ќе се сетите половина час пред излегување дека навистина сакате да облечете кошула која е уште мокра, испробајте!