Замислете дека денес одеднаш ќе ја сретнете личноста која е љубовта на вашиот живот. Што би се променило?
Барањето љубов е тековен процес кој влијае на многумина. Се надевавте дека ќе ја пронајдете вистинската личност за вас, но потоа наидовте на неколку промашувања, па се откажавте. Често се откажувавте, па се враќавте и повторно баравте љубов. Колку и да се трудите, оваа потрага по љубов го организира и менува животот на многумина.
Ова може да биде причината поради која сте купиле нов фустан; или причината поради која сте излегле и кога не сте сакале да излезете; или дека сте инсталирале апликација за запознавање. Дали некогаш сте се запрашале дали можеби се трудите премногу?
Многу луѓе тука грешат, затоа што никогаш не треба цел живот да го потрошите во потрагата по сродна душа, и по секоја цена да тргнете кон таа цел, дури и против себе. Не заборавајте, дури и кога сте сами, вие се имате себеси! Ја имаме на ум сликата на совршен партнер кој ќе не сака такви какви што сме, со сите доблести и маани.
Ние се препуштаме на такви мисли, заборавајќи на себе. Потоа повторно, често ја слушате малку истрошената фраза „љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате“… но што да правите во меѓувреме?
Има толку многу работи на кои можеме да работиме, како кариера, хоби, личен развој. Дури и оние маани за кои мислите дека ќе бидат прифатени од вашата сродна душа, доколку ви пречат, не прифаќајте ги, туку сменете ги. Правете го она што ќе ви помогне да се чувствувате подобро, да изгледате подобро, да напредувате и да развиете самодоверба.
Со ставање на други работи на листата на приоритети покрај љубовта, престанувате да се плашите да бидете сами. Пред вас се отвораат бескрајни можности, таа замка дека „мора да имаш некого“, конечно се ослободувате од неа. Вие не треба да правите ништо, но можете да правите што сакате!
Време е да се разбереме себеси и нашиот живот како дел од голем спектар на љубов, нашето семејство, пријателите, колегите, миленичињата, блиските луѓе… Љубовта не е една личност, таа е низа емоции и врски кои го исполнуваат вашиот живот.
Наместо да седиме и да чекаме да дојде тој што ќе ни го промени животот – бидете тоа што го чекате. Затоа што единственото нешто во кое можете да бидете сигурни е дека и покрај сите тешкотии, победи и неуспеси, стравови и придобивки, ќе бидете тука, ќе бидете некој кој секогаш ќе биде покрај вас. А љубовта од партнер ќе се појави во вистински момент.