ФАНОВИТЕ ВООДУШЕВЕНИ! Лични и други предмети од колекцијата на Фреди Меркјури се на аукција

popara26 април, 20231min00
Screenshot_4

Повеќе од 1.500 предмети што му припаѓаа на Фреди Меркјури, меѓу кои и раскошните костими што ги носеше на сцена, ќе се најдат на аукција, откако неговата долгогодишна пријателка Мери Остин одлучи да се раздели од нив. Фронтменот на „Квин“ ја создаваше оваа колекција повеќе од 30 години и ја чуваше во својот дом во западен Лондон, а потоа сè ѝ остави на Остин.

 

 

 

 

„Колекцијата ве носи подлабоко во личноста на човекот што го знаев“, вели Остин.

 

Меѓу предметите е и портретот на Остин, последното уметничко дело што го купил Меркјури, еден месец пред да почине во 1991. Се очекува тој да постигне цена меѓу 400.000 и 600.000 фунти.

 

„Од колекцијата го гледате спектарот на неговиот вкус. Тоа е многу интелигентна, софистицирана колекција“, изјави Остин.

 

Меѓу највредните предмети што ќе се продаваат се рачно напишаните стихови за „We Are The Champions“, сосе акорди и хармонии. Се очекува овие девет страници да се продадат за 200.000-300.000 фунти.

 

Остин имала 19 години кога првпат го запознала Меркјури во 1970 година, и тоа кога била на состанок со гитаристот на „Квин“, Брајан Меј. Тие потоа живееле заедно и останале блиски и откако тој ѝ открил дека е геј. Остин лично се грижела за Меркјури додека тој станувал физички сè послаб поради сидата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma