Фантастичен трик како конечно да изберете совршено киви кое е целосно зрело

popara31 јули, 20231min00
o_29906853_1280

Киви е необично овошје. Зошто има кафеава груба кора? Кој дел од кивито може да се јаде? Како знаеме кога е зрело? Покрај тоа, многу луѓе се прашуваат дали кивито е всушност слатко или кисело овошје. Со толку многу прашања за овие многу хранливи „топчиња“, време е да добиеме вистински одговори.

Како прво, кивито не е тропско овошје. Потекнува од суптропските предели на Кина, па е познато и како кинеско грозје и спаѓа во групата на бобинки. Кога е целосно зрело, кивито има сладок и освежителен вкус, често опишан како мешавина од ананас, јагода и банана. Слатко е, но и со малку кисела нота и многу специфичен вкус кој одлично збогатува смути и овошни салати. Целото киви може да се јаде, вклучувајќи ја кората, пулпата и семките – затоа слободно каснете го неизлупено или, ако сакате, излупете го и исечете го.

Незрелото киви е многу кисело, па ако го јадете прерано, може да има бкус на цитрусно овошје. Сепак, не е лесно да се препознае кога е зрело, па затоа ќе ви ја откриеме тајната како да изберете целосно зрело киви.

Овошјето има најмногу хранливи материи и има најдобар вкус кога е совршено зрело, но не е секогаш лесно да се погоди времето (како со авокадото или ананасот). Ова се знаците дека кивито е целосно зрело и подготвено да го јадете:

1. Зрелото киви е кафеаво и мазно

И зрелите и незрелите киви се кафеави, лушпата не ја менува бојата како што созрева плодот, па потпирањето само на изгледот нема да биде од голема помош. Сепак, одберете киви кое е тркалезно, мазно и не е со неправилен облик.

2. Зрелото киви има сладок мирис

Дали некогаш сте виделе луѓе во супермаркет како мирисаат зеленчук или овошје? Можеби изгледа чудно, но има валидна причина зошто го прават тоа. На пример, зрелото киви има пријатен, сладок мирис, за разлика од незрелото, кое не мириса особено добро. Затоа, направете го тоа, мириснете го и верувајте му на вашиот нос.

3. Зрелото киви е меко

Чувството на киви под прстите е најдобриот начин да препознаете дали е зрело или не. Зрелото киви не треба да биде премногу тврдо, но ниту премногу меко. Стиснете го нежно во раката и притиснете го со палецот: незрелото киви е тврдо, а во презрелото киви може да пропадне палецот. Она што го барате е златна средина помеѓу премногу меко и премногу тврдо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma