Фарбање и прамени: Шест начини да се ослободите од несаканите ЖОЛТИ ТОНОВИ во косата

popara11 март, 20231min00
kosa-frizura-sminka

Ако често ја фарбате косата, сигурно барем еднаш сте забележале жолти тонови на вашата коса.

Кога станува збор за посветли бои, бланшот или избелувачот често се користи за отстранување на бојата.

Бланшот има способност да ја отвори кутикулата на косата и да го раствори меланинот или природната боја на косата. Ова е всушност главниот виновник за досадните, несакани портокалови тонови кои се појавуваат во косата по само неколку миење.

Сепак, постојат многу други фактори кои можат да придонесат за несакани портокалови и жолти тонови, како што се квалитетот на водата, изложувањето на сонце и употребените производи.

Бринетите имаат црвени или портокалови пигменти во косата, а кога ќе дојде до оксидација, тие тонови доаѓаат до израз. Доколку сте бринета и сте имале или имате хајлајт прамени, сигурно знаете за каква нијанса се работи, но постојат неколку начини да ги избегнете или омекнете и тоа без да одите во фризерски салон.

1. Виолетов шампон

Овој шампон ги „поништува“ претерано топлите, портокалови тонови и ги задржува тие поладни, посветли нијанси на сино. Помага во неутрализирање на светлите бои.

2. Сјај или тонер

Пред да го напуштите салонот, консултирајте се со фризерката и организирајте третман за нега и сјај неколку недели по боење или извлекување на праменот. Ова привремено ќе помогне да се спречи појавата на несакани нијанси. Светлите бои и прамените бараат и одржување, затоа подгответе се редовно да одите во салон за да ја одржувате бојата жива и свежа.

3. Филтри за вода

Водата исто така игра голема улога во животниот век на бојата за коса. Може да ѝ наштети хлорирана и солена вода, како и високо ниво на минерали во обичната вода. Затоа, експертите предлагаат користење на филтер за прочистување за да се спречи таложење на минерали.

4. Шампон без сулфати

Производите што ги користите дома се друга работа што треба да се земе предвид. Оние кои содржат многу хемикалии, особено алкохол, можат да влијаат на бојата на косата. Експертите препорачуваат производи без сулфати кои ја одржуваат косата хидрирана и ги неутрализираат медените тонови.

5. Изберете полесни прамени

Кога за прв пат ќе се одлучите за промена, бидете трпеливи бидејќи ако направите голем контраст и во еден чекор од бринета станете русокоса, може да дојде до несакан ефект. Постепено осветлените прамени се подобро решение.

6. Избегнувајте УВ зраци

И прекумерната изложеност на сонце може да има несакан ефект врз бојата на косата. Може да ја исуши косата и да предизвика нејзино побелување. Кога е изложена на сончевите зраци, повеќе се истакнуваат топлите тонови на косата и до израз доаѓаат портокаловите тонови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma