Декорирањето на велигденски јајца со шлаг е забавна и креативна активност која е многу популарна во многу земји во светот. Овој начин на боење јајца е многу едноставен, и дава прекрасни резултати.
За да ги обоите јајцата со шлаг, ќе ви требаат белки, шлаг што ќе го изматите со двојно повеќе вода отколку што пишува упатството за да биде погусто и прехранбена боја.
Истурете го шлагот во неколку чинии, па во интервали додајте ги боите по ваш избор на шлагот. Лесно измешајте ги боите со чепкалка за да добиете ефект на мермер.
Ставете ги јајцата во садовите и добро потопете ги во шлагот и оставете ги да отстојат 15 минути, а потоа нежно избришете ги со хартиена крпа. Оставете ги јајцата целосно да се исушат пред да ги преместите.
Добрата работа е што можете фарбањето можете да им го оставите на децата и нема сомнеж дека одлично ќе се забавуваат.