Италијанската манекенка Бјанка Балти (39) објави разголени фотографии на Инстаграм и предизвика лавина од коментари.
Триесет и девет годишна Италијанка неодамна објави гола фотографија на Инстаграм.
Таа претходно позираше целосно гола, а сега уште еднаш го покажа своето витко, затегнато тело и извајана фигура. Својот интимен регион го покри со скапа чанта од брендот „Bottega Venetta“.
Бјанка Балти важи за една од најфаталните Италијанки, а магазинот „Плејбој“ ја прогласи за најсекси жена во светот во 2015 година.
Таа често е ангажирана во рекламни кампањи на водечки брендови во козметичката индустрија.
Интересно е што фаталната Италијанка почнала да работи како модел во своите дваесетти години, додека била студент по графички дизајн. Била поканета да се занимава со моделинг од агент кој ја открил во супермаркет.