Не е толку тешко
Доколку сакате во вашиот дом да владее просперитет и позитивна енергија, време е за овие пет промени.
Ногарки од мебел на тепихот
Дневната соба е местото во вашиот дом каде сите седат заедно за да поминат квалитетно време. Затоа, мебелот во вашата дневна соба треба да биде распореден така што поддржува лесна и јасна комуникација. Избегнувајте ставање на тепих.
Не собирајте работи како хрчак
Никогаш не собирајте непотребни предмети. Вишокот од се е лош, а истото правило важи и за несакани и неуредни работи. На секои неколку месеци, треба да ги фрлате сите несакани работи од вашиот дом или канцеларија бидејќи тие делуваат како пречка за правилниот проток на богатство и просперитет.
Насмеан Буда
Сите знаеме дека Буда што се смее е познат по својата весела и среќна природа. Кога е поставен во правец на исток или свртен кон влезната врата, Насмеаниот Буда носи богатство и среќа.
Редовно наводнувајте ги растенијата
Ако растенијата во градината пред вашата куќа изумираат, земете го тоа како предупредување и направете нешто по тоа прашање. Запомнете, ако ја сакате природата, таа ќе ве возврати. Можете да започнете со мали промени како што се наводнување на растенијата секој ден, менување на почвата или додавање нови цвеќиња. Исто така, треба да ја исчистите патеката што води до главната порта на вашата куќа.
Бамбус
Растението бамбус е уште еден фенг шуи елемент кој повикува среќа, богатство и позитивна енергија. Ставете го во југоисточен правец за да привлечете пари.