
Филмот Барби заработи 1 милијарда долари од продажбата на билети во САД и глобално од отворањето пред повеќе од две недели, објавија во неделата Ворнер Брос. Грета Гервиг на тој начин стана првата режисерка со филм од милијарда долари.
Студиото објави дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните кина и 572,1 милиони во странство, со што вкупната заработка е 1,0315 милијарди долари. Оваа информација ја потврди компанијата за анализа на медиумите, Comscore.
„Како шефови на дистрибуција, не остануваме често без зборови од изведба на филм, но Barbillion ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања“, рече Џеф Голдстајн, претседател на домашната дистрибуција на Warner Bros. и Ендрју Крипс, претседател на меѓународна дистрибуција.
Во режија на писателката-режисерка номинирана за Оскар Грета Гервиг и со Маргот Роби и Рајан Гослинг во главните улоги како Барби и Кен, легендарната кукла оди во авантура во реалниот свет.
Продажбата на билети за Барби е на второ место по Super Mario кој излезе во април и досега има заработено 1,357 милијарди долари.