Од „TikTok“ пристигна уште еден корисен совет за користење на фиоката под рерната
Фиоката под рерната многу домаќинки ја користат за складирање на садови што не се користат често, па дури и за алат. Таму најчесто чуваат тави, а понекогаш и капаци и тенџериња.
Во некои куќи овој дел од шпоретот служи како „практична фиока за се и сешто“ – шрафцигери, шмиргла, крпи за чистење…
Но, оваа фиока има сосема друга намена, откри корисникот на „TikTok“, Арон Патерсон.
– Колку години имавте кога сфативте дека фиоката под рерната не служи за ставање садови во неа, туку за одржување на температурата на храната што сте ја подготвиле? – ги праша Патерсон своите следбеници.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
– Шокиран сум, не верувам, ова е невозможно – прокоментира еден од следбениците на Патерсон.
Од „TikTok“ пристигна уште еден корисен совет за користење на фиоката под рерната:
– Оваа фиока се користи и за ставање сад со тесто во неа, кое треба да нарасне пред да го ставите во рерната да се пече.