По веста за нивното разделување и барањето за старателство над децата, Ал Пачино и Нур Алфала се видени како уживаат во ноќно излегување, откако таа поднесе барање за целосно физичко старателство над нивниот тримесечен син.
Нивното заедничко појавување во јавноста предизвика бројни шпекулации за нивниот однос или романтична врска. По ова, јавноста се сомнева во вистинитоста на наводите дека тие двајца раскинале.
Откако портпаролот на Ал Пачино инсистираше дека парот сѐ уште е заедно, а ги демантираше гласините дека се разделуваат, Ал Пачино и Нур со нивното последно заедничко излегување покажаа дека тие навистина се заедно.
Тие дури и ја координирале облеката за оваа пригода. Алфала го држела за рака Ал Пачино додека се враќале кон својот втомобилот.
Сè уште останува нејасно зошто Нур Алфала поднела судски документи во врска со нивниот син.
Да потсетиме, 83-годишниот актер и оваа млада бринета се заедно од април 2022 година, а парот на општо изненадување на јавноста доби дете на 6 јуни годинава. Веста беше толку неверојатна што на почетокот дури и самиот Пачино се сомневаше дека детето е навистина негово. Затоа побарал татковството да се потврди со ДНК тест.