Фризерка откри 5 работи кои не ѝ се допаѓаат кај клиентите: Од валкана коса до жалење за претходните искуства

popara6 септември, 20231min00
shutterstock529646581-830x0 (2)

Телеза Браун, фризерка од Канада, на својот профил „Тик-Ток“ сподели совети за „што треба да избегнуваат клиентите ако не сакаат да го налутат својот фризер“. Додека некои совети се очигледни – како тоа дека треба да сте на време, други беа изненадувачки.

Таа посочи дека доколку некој не се појави на закажаниот термин, треба да го плати.

– Не заработувам од празно столче – рекла Браун, а пренесува „Дејлимејл“.

Она што таа посебно го истакна е дека, доколку доаѓате за фарбање, и покрај популарното верување, не треба да доаѓате со валкана коса, туку чиста.

– Бојата подобро се прима на чиста коса, плус непријатно и нехигиенски е ако доаѓате со нечиста коса – вели таа.

Таа потоа зборуваше за совршено разумното барање клиентите да не се појавуваат болни – без оглед на тоа колку долго чекаат за да дојдат.

А зборувајќи за закажани термини, таа се осврна и на нивното преместување.

– Не ни се допаѓа кога се јавувате да презакажете за друг ден, но главно не можеме да кажеме „не“.

И за крај, Телеза додаде „не се жалете дека никој не знае да ви ја скрати косата“ затоа што тоа влева неизвесност и притисок врз фризерката.

@telesabrown

#5 is the worst one. Stop it! #calgary #hairstylistsoftiktok #hairstylistsbelike #hairstylistsproblems #helpmehelpyou #bebetter

♬ Storytelling – Adriel

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag