Фризурата ќе трае подолго, а косата ќе изгледа погустo
Адам Меклеј, познатиот фризер на славните личности, откри техника која ќе ви помогне да создадете совршена брановидна фризура која изгледа густо и заносно.
Чекор 1: Создадете волумен
Пред да ја исушите косата, испрскајте средство за обликување, на пр. пена за волумен или виткање на косата.
Чекор 2: Користете пегла за коса
За да добиете природен изглед на брановите, треба да користите пегла за коса. Свртете го секој прамен за 180 степени, така што ќе се лизне по надворешната плоча на пеглата.
Чекор 3: Бранови кои траат
Со цел вашата брановидна фризура да трае цел ден, треба да купите некои од малку подобрите лакови за коса. Нанесете го лакот од средината на косата кон врвовите за да и дадете дополнителна текстура.