ХАОС НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ Бен Афлек ја понижи Џеј Ло на премиерата на филмот – многумина мислат дека ова е КРАЈ НА ГОЛЕМАТА ЉУБОВ

popara16 јуни, 20231min00
716520_profimedia-0783167486_f

Џенифер Лопез и Бен Афлек се појавија на премиерата на новиот филм на актерот, „The Flash“, во Лос Анџелес, а сите го забележаа лошото расположение на популарната двојка.

Особено се збунија кога Афлек ја бакна пејачката во образ, односно самиот бакнеж пред камерите го окарактеризираа како сосема поинаков од сите претходни и коментираат дека актерот не се потрудил доволно околу тоа, како и дека изгледал отсутен.

Афлек копнее за потивок живот

Една од причините што се споменува е дека Бен наводно посакува помирен живот, а ПР експертот Маја Риаз сугерира дека тоа е многу можно.

– Изгледа дека не ужива во јавната страна на својата актерска работа, особено на појавувањата како разни доделувања на награди и премиери. Последните неколку пати не изгледаше како да ужива. Колку почесто Бен се појавува на јавни настани изгледајќи мизерно или покажувајќи дека има тензии со Џенифер, таа можеби дури и нема да сака тој да присуствува. Меѓу ѕвездите има познати личности кои имаат помирен живот и покрај нивниот статус на славна личност. Тоа е сосема можно – изјави Маја.

Таа исто така додава дека Џенифер сепак ќе може да го задржи статусот на славна личност дури и ако Бен направи чекор назад и реши да живее под радарот, објаснувајќи дека иако имаат проблеми, тоа не значи крај на нивната љубов.

– Кој знае каква е вистинската природа на нивната врска. Да, можеби имале неколку кавги, дури и јавно, но кој пар не се кара? Сè што знаеме е дека тие се уште се заедно како пар. Сега се познаваат доволно добро и мислам дека ќе останат заедно засекогаш – изјави Маја.