Ѕвездата од филмовите за Хари Потер, Даниел Редклиф, го дочека своето прво дете со партнерката Ерин Дрејк, пишува Daily Mail.
Британскиот актер и неговата пет години постара партнерка Ерин, кои се во врска повеќе од 10 години, се снимени како се шетаат со дете во количка по улиците на Њујорк, не долго откако се дозна дека ќе стануваат родители, а се уште не се знае дали имаат син или ќерка.
Даниел се обидел да се сокрие под капа и заштитна маска за лице, но папараците сепак го забележале.
– Даниел и Ерин не можеа да бидат посреќни, тие се апсолутно воодушевени и едвај чекаат да станат тричлено семејство. Неодамна им ја соопштија веста на нивните семејства и пријатели и тоа е многу возбудливо време за нив – открил извор близок за The Mirror откако се појави веста дека чекаат ново бебе.
– Даниел е многу возбуден што ќе стане татко. Неговиот однос со Ерин е навистина посебен и сите мислат дека ќе бидат одлични родители“, потврдил друг извор за The Sun.
Веста беше објавена откако парот беше фотографиран како романтична прошета низ Њујорк, при што Ерин го покажа својот растечки стомак.
Двојката се запознала додека работеле на филмот „Kill Your Darlings“ во 2012 година и се заедно повеќе од десет години.