Ако ви се чини дека во последно време многу се зборува и пишува за чантите Bottega Veneta, во право сте.
Тоа е затоа што чантите се исклучително важен сегмент на успехот и своевидна деловна ренесанса која овој бренд ја постигнува под палката на креативниот директор Matthieu Blazy. Од веќе иконските модели како што се Sardine, Clicker, Pouch, Jodie, Cassette и неодамна претставениот Andiamo, на универзумот на рачно изработени модели им се придружи и новиот модел наречен Brown Bag.
И додека на прв поглед буквално изгледа како хартиена кеса, оваа чанта е изработена од врвна кожа, доаѓа во две големини и намерно потсетува на класични кафени хартиени кеси. Причината за ваквиот изглед е желбата на креативниот директор да ја носи оваа чанта секојдневно и неоптоварено, исто како да сме излегле од книжарницата со нова книга во чантата.
За помалиот модел треба да одвоите 1.500 евра, а за поголемиот 2.000 евра.