Хајди Клум и нејзиниот шарен свет на креативност: Иако е позната по вечерните елегантни изданија, не промашува ниту со лежерните

popara25 август, 20231min00
profimedia-0799334970-830x0

Жената која суверено владееше со модната писта кон крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите, за разлика од повеќето нејзини колеги, не одлучи да се повлече од јавноста и да „исчезне од радарот“. Напротив, Хајди Клум е жив доказ дека годините се само бројка и дека нема граници на имагинацијата кога е во прашање стилот на облекување.

Манекенката во последните неколку години не престанува да биде главна тема кога и да се појави на црвениот тепих, а сето тоа благодарение на смелите и уникатни креации што ги носи.

Иако преку ден, разбирливо е многу поскромна – таа никогаш не е досадна.

Така и денес е „фатена“ во шарена облека во виолетова, бела и портокалова боја; а Хајди итро го искомбинира тоа со бели сандали, тегет чанта и виолетови очила.

Едноставно кажано – оваа жена е вистинската дефиниција за добриот вкус.

Интересна е нејзината фризура, односно „славните степени“ кои беа главна карактеристика на супермоделите во деведесетите, а сега се враќаат на сцената на големо.

Како ви се допаѓа оваа комбинација?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag