Хејли Бибер ги диктира трендовите за убавина. Таа неодамна ја објави својата рутина за шминкање на нејзиниот профил на „TikTok“ и „Instagram“. А својот пост го нарече „Strawberry girl summer“.
Хидратантната крема е првиот чекор и основа во секоја рутина за шминкање. Така Хејли започна со пептидната течност и нејзиното омилено млеко за лице. Таа потоа ги подготви веѓите четкајќи ги за да им даде природен и кадифен изглед. Крем бронзерот беше следниот чекор, за кој посебно нагласи дека треба да се нанесува и на челото. После тоа, таа додаде малку коректор и го изблендира. Измеша две руменила, но советот е дефинитивно да изберете руменило чија нијанса одговара на вашиот тип на кожа. Како што можеме да видиме, таа остана верна на своите претходни трикови, а тоа е дека понекогаш е најдобро производите да ги нанесувате само со рака. Така ги нанесе двете крем руменила. Додаде хајлајтер во боја на праска, а потоа се врати на бронзерот што го нанесе на капаците.
Со тоа заврши со основата и добро познатите мејкап чекори, а потоа премина на најинтересниот дел од сите. Или барем така мислиме, бидејќи нетрпеливо го чекавме тој најважен чекор кој води до јагода трикот за шминкање. Со молив за очи нацрта пеги на одредени делови од образите и носот, но на тој начин да изгледаат природно и дискретно. Потоа се префрли на ајлајнер и маскара. Заврши со изцртување на устата со молив, по што ја наполни и ја дефинираше со истата кремаста смеса за руменило. И за крај, малку сјај за усни.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Таа го сподели конечниот резултат на својот Инстаграм профил, а ние веднаш се заљубивме.