Хејли Бибер ја диктира модата од улиците на Лос Анџелес, дури и кога излегла на кафе со пријателка.
Манекенката и сопруга на Џастин Бибер носеше бел фустан кој го истакна нејзиниот сончев тен. Фустанот е до под колена, а лесниот, полупроѕирен материјал е погоден за топлите летни денови.
Таа со фустанот облече спортски патики и уште еднаш покажа како фустанот и патиките можат да бидат идеална комбинација – удобност и елеганција.
Хејли, која вообичаено има пократка коса, реши да ја скрати уште малку за почетокот на летото и да носи боб за летото 2023 година.