Хејли Бибер за менталното здравје по „малиот мозочен удар“: „Се борев со стравот дека ќе се повтори“

popara8 јануари, 20231min00
7b86313d1d04dc4de0d01963aaa23da0bfac52c2

Манекенката и сопруга на пејачот Џастин Бибер решила со своите обожаватели да го сподели своето искуство и се што ја чекало по не толку мал здравствен проблем.

Таа се отвори за нејзината битка со посттрауматско стресно растројство (ПТСН) откако претрпе симптоми слични на мозочен удар предизвикани од згрутчување на крвта во нејзиниот мозок.

Сопругата на пејачот Џастин Бибер (26) итно беше пренесена во болница во март, откако згрутчување на крвта во нејзиниот мозок доведе до симптоми слични на мозочен удар.

– Се борев со многу анксиозност после тоа и посттрауматско стресно растројство, како и страв дека може да се повтори. Беше толку страшно, толку вознемирувачко – искрена беше манекенката.

Хејли додаде дека дури и ако е отворена да зборува за искуството за да помогне на некој друг, сепак ѝ е тешко да зборува за тоа.

– Навистина сум благодарна што имав неверојатни лекари, медицински сестри и луѓе кои ми помогнаа да дознаам што всушност се случи. Начинот на кој гледам на тоа е дека мислам дека можеше да биде многу полошо. Толку многу полоши работи можеа да се случат во тој момент – рекла Хејли, пренесува Mirror.

Хејли продолжи да рече дека полека почнала повторно да ужива во животот без да се грижи што би можело да се случи во иднина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma