Хејли Бибер реши да ја започне годината со промена
Таа е една од најпопуларните модели, нејзиниот стил и начин на живот е нешто што го следат жените ширум светот.
Манекенката е позната по тоа што е долгогодишна бринета со права коса со средна должина. Меѓутоа, сега таа одлучи драстично да ја промени фризурата.
Сопругата на Џастин Бибер објави видео на Тик Ток во кое ги информира своите следбеници дека се потстрижала. Хејли сега има пократок боб со еднаква должина – фризура која во последно време станува сè попопуларна.
– Упс – напиша под видеото кое има повеќе од половина милион лајкови.
Веруваме дека во наредниот период многу дами ќе го следат стилот на убавата Хејли.
Видеото може да го погледнете ТУКА.