Состојки:
120 гр мелена овесна каша
2 јајца
150 гр ситно сирење
1 лажичка маслиново масло
половина прашок за пециво
Хималајска сол
200 мл јогурт
2 грста сецкан беби спанаќ
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, истурете ги во плех обложен со хартија за печење, посипете малку сусам и печете на 180 °C додека не порумени.