Тејлор Свифт полека, но сигурно станува една од ѕвездите на впечатливиот уличен стил, а модните избори кои ги носи во слободното време брзо ги следат љубителите на модата.
Пејачката секогаш успева да најде едноставни и многу женствени парчиња кои можат да се комбинираат на различни начини.
Таа на улиците на Њујорк покажа одлична летна модна комбинација вредна за копирање. Таа спои кратки црни шорцеви со многу шик цветна маичка од брендот Free People, а аутфитот одлично го комплетираше мала црна чанта Ралф Лорен. Изборот на обувки привлече посебно внимание.
Мокасините slingback, во случајот со дизајнерскиот бренд кој Тејлор го избра, Reformation, се добар пример за летни чевли кога не сакате да ги покажувате стапалата, туку сакате да уживате во сите предности на отворен модел.