Поранешниот американски претседател Барак Обама ужива во главниот град на Грција, а фотографиите од папарацо направени на Акропол, каде тој ужива со сопругата Мишел, се навистина хит.
Имено, Обама посетил едно од најсветите места во античка Грција, но очигледно повеќе го импресионирал задникот на неговата сопруга Мишел.
Поранешниот претседател очигледно не можеше да одолее да не ѝ подаде рака на Мишел, но папараците го фатија во моментот кога неговата рака заврши на нејзиниот задник.
Токму овој момент стана хит и беше коментиран на речиси секоја социјална мрежа, особено што во близина беа и нивните ќерки.
Барак, Мишел и ќерките Маила и Саша моментално престојуваат во Грција на настанот „Обама Фондација“. Изгледа дека одвоиле некое време од своето службено патување за да се занимаваат со туристички активности.