Холивудската ѕвезда Рејчел МекАдамс позираше за магазинот Bustle и ги покажа неизбричените пазуви.
Имено, Рејчел нескромно ја покажала косата на пазувите додека лежела на црвен кауч, што предизвикало многу коментари.
Додека некои сметаа дека тоа е непримерно, многумина беа воодушевени од храбрата одлука на актерката.
„Ја сакам, само поради ова“, Секоја чест за тебе“, „Уште една жена која ја прифаќа нејзината природа“, се само дел од коментарите.
Во продолжение погледнете ја споменатата фотографија.