ХОРОСКОП ЗА 1-ВИ МАЈ: Јарците да очекуваат непланирани трошоци, а на Стрелците им се враќа оптимизмот

popara1 мај, 20231min00
142104bc9ad6486dbc0690e521701d5758faf2b7

ОВЕН

Доколку размислувате за готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе се изненадите од неповолни детали кои не сте ги разбрале на време. Најдобро е да ги намалите трошоците на минимум и да воведете краткорочни остри заштеди.

БИК

Кога рационално би ја анализирале својата позиција, би признале дека не е толку лоша. Проблемот е што имате тенденција да се жалите и критикувате, па околу себе собирате такви луѓе. Слушајќи ја околината, паѓате во песимизам кој, всушност, воопшто не е карактеристичен за вас.

БЛИЗНАЦИ

Врската со саканата личност не оди онака како што би сакале. Можеби таа малку ве разгалела, па несвесно сте влегле во улога на жртва на која ѝ се дозволува се. На другата страна може да ѝ здодее таквата атмосфера, а кога ќе сфатите, ќе биде предоцна.

РАК

Добивате подарок од партнерот. Одлично време е привремено да ги закопате секирите и да размислите како да ги решите вашите недоразбирања. Доколку ја пропуштите оваа можност, долго ќе чекате нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.

ЛАВ

Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба правично да ги одмерите работите. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее.

ДЕВИЦА

Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.

ВАГА

Може да влезете во конфликти и проблеми со соработниците. Вашата кариера би можела да тргне надолу доколку не се вклучите и не преземете решителни чекори. Не ги продлабочувајте непријателствата со луѓе од кои зависите.

ШКОРПИЈА

Вашиот однос кон обврските изгледа премногу опуштено. Вршете ја вашата работа поодговорно и без непотребни разговори. Малкумина знаат дека вашиот хумор е, всушност, одбранбен механизам, бидејќи на друг начин не можете да ги скриете вашите стравови и напнатост.

СТРЕЛЕЦ

Ви се враќаат самодовербата и оптимизмот. Имате можност да ги измазните старите недоразбирања и да ги рестартирате активностите со луѓе кои ги елиминиравте пред некое време. Вашата убедливост може да донесе резултати ако сте искрени за се.

ЈАРЕЦ

Непланираните трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е малиот прилив на пари, туку вашето претходно трошење.

ВОДОЛИЈА

Ве вклучуваат во сите случувања околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на се е резултат на вашата претходна вклученост во туѓите проблеми. Нормално не ви пречи, но сега сте уморни. Не се лутете, размислете за вашата одговорност во сето ова.

РИБА

Некој немир ви се вовлекол во мислите, не можете да сфатите што е тоа што ве мачи. Напнатоста ви оневозможува да ја видите ситуацијата реално, па затоа најдобро е да ги избркате тешките мисли и да го поминете денот со пријателите, забавувајќи се во дружење и муабет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma