ОВЕН
Не верувате во различните ветувања со кои ве затрупуваат. Мора да се вклучите што е можно повеќе и да си помогнете во изнаоѓање решение. Стагнација на се е очекувана, затоа не се обидувајте да започнете нов бизнис.
БИК
Чекате промени кои се блиску. И како што обично се случува, минутите се чувствуваат како години. Нетрпеливоста ве вознемирува, треба да најдете начин да се опуштите. На пример, поминете го попладнето со некој близок или пријател.
БЛИЗНАЦИ
Некои семејни обврски не ги исполнивте навреме, па дојде моментот кога нема повеќе одложување. Наместо да се лутите на себе што си го дозволивте тоа, веднаш фатете се за работа, а анализата на ситуацијата оставете ја за друг поповолен ден.
РАК
Ве заинтригира некој нов и во моментов се обидувате да се фокусирате на тоа. Не брзајте во нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте преболеле некој од минатото. Сеќавањата кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.
ЛАВ
Вие сте расеани. Окупирани сте со грижи кои сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои допрва би можеле да се случат. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да се разбудите на време и да ја одделите реалноста од фантазијата.
ДЕВИЦА
Поминувате добар дел од денот прашувајќи се што сте можеле да направите поинаку во далечното минато. Свртете се кон вашите најблиски и слушајте што имаат да кажат. Зголемената физичка активност може да ве заживее, особено долгата прошетка или трчање.
ВАГА
Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и можноста за потпишување нов договор. Сепак, бидете трпеливи и одложете ги последните потези, бидејќи, иако се се одвива според планот, се уште не се исполнети сите предуслови за да се стави крај на се. Избегнувајте кратенки.
ШКОРПИЈА
Ве вклучуваат во сите случувања околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на се е резултат на вашата претходна вклученост во туѓите проблеми. Нормално не ви пречи, но сега сте уморни. Не се лутете, размислете за вашата одговорност во сето ова.
СТРЕЛЕЦ
Премногу им давате важност на луѓето кои ве осудуваат само поради сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што го кажуваат другите, ќе сфатите дека на вашата љубовна врска ништо не и недостасува.
ЈАРЕЦ
Пред вас е лекција во која треба да го надминете колебливоста и несигурноста. Ова се квалитети кои често ве спречуваат да поентирате, дури и кога сте сигурни дека сте во право. Верувајте во себе, нека не ви е гајле што мислат другите.
ВОДОЛИЈА
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи. Доброто расположение може накратко да биде уништено од неочекуван телефонски повик. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни и нема да имате друг избор освен да слушате и да заборавите што е можно поскоро.
РИБА
Конечно би можеле да донесете одлука, иако тоа е вашиот најголем проблем. Надминете го вашето двоумење и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте расправии со мажи. Во љубовта не двоумете се, вистинско време е да заземете цврст став.