Овен
Одвојувате малку слободно време за себе, но не се организирате на вистински начин. Пасивноста може да наполни туѓи батерии, но за вас може да биде извор на голема напнатост која, доколку не се ослободите од неа, се заканува да се претвори во агресија.
Бик
Полни сте со енергија, толку многу што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја потрошите, почнувате да ја пренесувате тензијата во околината. Некој близок е нападнат, а вие знаете дека немате причина за тоа. Со вашето однесување можете непотребно да ја уништите стабилноста на врската.
Близнаци
Вашиот душевен мир зависи од мислењата на другите луѓе. Ова не е добро затоа што ве фрустрира. Ослободете се од оваа шема и преземете одговорност за вашата состојба. Променете се себеси, само така ќе ја смените другата страна, особено ако е саканата личност.
Рак
Не преземајте нови обврски, најдобро е денот да го поминете во минимални деловни активности. Наскоро ќе имате поголем прилив на пари кои во голема мера можат да ги решат финансиските проблеми за кои моментално немате долгорочно решение.
Лав
Во центарот на вниманието е партнерот, без разлика дали се работи за љубовна или деловна врска. Од вас се очекува многу толеранција, но тоа не можете да го направите. Потрошете го вишокот енергија на физички активности, така ќе ги исчистите мислите и ќе смислите нова стратегија на патот.
Девица
Атмосферата во вашето поле на работа станува неподносливо напната. Ова е предизвикано од непријатни вести. Совет би бил да не се придава големо значење на сето ова бидејќи тоа е привремен проблем. Нека ситуацијата се смири, вашата позиција засега е стабилна.
Вага
Мислите дека сте единствените што се трудат. Иако повеќе би сакале да најдете лесен начин за заработка, подобро е да се потпрете исклучиво на своите способности, бидејќи успехот ве очекува само на тој начин. Бидете внимателни, ве очекуваат тешкотии со авторитети.
Шкорпија
Вашата бавност не треба да ве загрижува бидејќи е во согласност со денешниот датум. Вечерта носи настани кои со својата динамика ќе ве вовлечат во темпото со кое повторно ќе бидете во центарот на вниманието. Патем, не сте недопирливи, внимавајте во сообраќајот.
Стрелец
Кога рационално би ја анализирале својата позиција, би признале дека не е толку лоша. Проблемот е што сте склони кон самосожалување, па околу себе ги собирате истите луѓе. Слушајќи ја околината, паѓате во песимизам кој, всушност, воопшто не е ваш.
Јарец
Ве привлекува личност со која љубовната врска е невозможна. Страсното расположение го претворате во креативност, која ве исполнува со драгоцена енергија. Големата мотивација ве инспирира да направите одлични деловни потези кои ќе ви донесат чувство на вистинско задоволство.
Водолија
Во љубовните врски сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде поттик за непријатни дискусии. Доколку не станете сериозни и прифатите критики, обичната дискусија може да се претвори во сериозен конфликт, а потоа и раскинување.
Риби
Нешто важно на што сте работеле добива нова форма. Инсистирањето на подобрување на комуникацијата може привремено да ви го одвлече вниманието и да ве натера да направите превид во важен момент. Бидете внимателни во сообраќајот, особено ако сте возач.