ХОРОСКОП ЗА 25-ТИ СЕПТЕМВРИ: Биковите и Вагите ги очекуваат интересни средби, а Близнаците да се пазат од погрешни одлуки

popara25 септември, 20231min00
586900c46ba4d0ce3c34faa279228c249d91d01f

Овен

Транзитот на Месечината над Водолија ви носи средба со некој што работи во медиумите, голема организација или со странци. Триаголникот со вашиот владетел Марс ве прави подготвени да започнете со спроведување на проект за кој долго сонувавте. Бидете внимателни зад воланот.

Бик

Со Месечината во астролошката куќа на кариерата и Јупитер и Уран, симболи на просперитетот и иднината, во вашиот знак, тешко ќе се одлучите помеѓу две подеднакво интересни понуди. Опозицијата со вашата владетелка Венера ви носи средба со Лав.

Близнаци

Предизвикувачките аспекти помеѓу вашиот владетел Меркур и Месечината ве прават нервозни и субјективни, што може да ве натера да донесете погрешна одлука. Позицијата на Венера, планетата на љубовта, сугерира средба со Вага на кратко патување или предавање.

Рак

Вашиот владетел, Месечината, го преминува осмото астрлошко поле, што ви носи зголемување на приходите, но и извонредни трошоци. Предизвикувачкиот аспект со Меркур, симболот на логиката, предупредува на претпазливост при потпишување договори. Можна страсна средба со Шкорпија.

Лав

Месечината во седмата астролошка куќа прави добар аспект со вашиот владетел Сонце, што ви носи професионална и финансиска сатисфакција. Можно одложување на деловен аранжман со странци. Аспектите на Венера во вашиот знак ве опоменуваат да внимавате на вашите трошоци.

Девица

Транзитот на Месечината ве прави понервозни и нетрпеливи од вообичаено, но ви носи шанси да реализирате некои од вашите идеи и имагинации и на тој начин да заработите пари. Имате поддршка од Бик и Јарец. Триаголник со Марс ви носи средба со некого преку пријател.

Вага

Аспектите на вашиот владетел Венера, симболот на љубовта и работата, ви носат поддршка од луѓето на позиција. Избегнувајте непотребни трошоци. Влегувањето на Месечината во астролошката куќа на љубовта и радоста, под влијание на Марс во вашиот знак, ви носи средба со Близнаците.

Шкорпија

Транзитот на Месечината преку астролошкото поле на приватниот живот ве прави нервозни, што влијае на односот со партнерот и членовите на семејството. Во попладневните часови, треба да избегнувате разговори со авторитети. Ви треба пауза.

Стрелец

Задоволни сте од минувањето на Месечината над Водолија, бидејќи полесно и побрзо ќе можете да се договорите со колегите и деловните партнери. Имате поддршка од Водолија. Сепак, бидете внимателни кога потпишувате договори. Шкорпијата интензивно размислува за вас.

Јарец

Транзитот на Месечината преку астролошката куќа на работа ја поттикнува вашата амбиција, кога станува збор за договор со луѓе кои живеат во друг град. Вашиот владетел Сатурн во врска со Сонцето ве прави подготвени да се прилагодите на новата ситуација на работа.

Водолија

Со Месечината во астролошкото поле на личноста, реагирате субјективно во ситуација кога се очекува да покажете толеранција во комуникацијата со колегите. Добриот аспект со вашиот владетел Уран носи поволен исход на договорот за купопродажба на недвижен имот.

Риби

Вашиот совладетел Јупитер на квадрат со Месечината на полето на интуицијата но и препреките, ве предупредува да размислите двапати пред да одлучите нешто. Напнатите аспекти на Сатурн, планетата на ограничувањата во вашиот знак, ве иритираат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma