ХОРОСКОП ЗА 29-ТИ ЈАНУАРИ: Близнаците да внимаваат при потпишување документи, а за Стрелците доаѓаат неповолни вести

popara29 јануари, 20231min00
65a9c407889ef90917fa049857d704f54f6e167c

Овен

Иако многу добро знаете што сакате, а имате и разработени планови, не е поволен период за големи зафати. Одложете ги сите видови инвестиции како и деловни одлуки, склони сте на грешки. Зајакнете го вашиот имунитет бидејќи сте изложени на ризик од вирусна инфекција.

Бик

Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Во мислите сте далеку бидејќи однапред планирате активности, чија реализација е се уште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.

Близнаци

Доколку имате можност да потпишете некои документи, внимавајте бидејќи може да ви се прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашите промени во расположението можат да го збунат партнерот и да го натераат да помисли дека повеќе не го сакате.

Рак

Се обидувате да се претставите како посериозни и зрели отколку што навистина сте. Не ги нагласувајте туѓите ставови затоа што тие не потекнуваат од вас, па не би можеле да ги докажете. Држете се до вашето мислење бидејќи секогаш можете да го браните, дури и кога грешите.

Лав

Ве очекува важна лекција во која треба да го надминете песимизмот, кој е една од вашите особини која често делува против вас. Верувате во вашите интелектуални моќи, но мора да бидете свесни и дека е нереално секогаш да сте во право.

Девица

Време е за реорганизација. Чистењето и во вашиот дом и на вашето работно место ќе создаде средина за реализација на многу деловни проекти. Но, ако за момент се исклучите од сите професионални активности, ќе сфатите дека не сте центарот на светот.

Вага

Поволен ден за изразување на се што ви е на срце на членовите на семејството. Имате шанса да имате конструктивен разговор од кој ќе дознаете детали за кои не сте сонувале. Станува збор за работи кои беа толку очигледни, но не сте ги сфатиле до сега.

Шкорпија

Уживате да бидете блиски со личност која ве инспирира на посебен начин. Вистинско време е да преземете конкретни чекори и да го претворите случајното запознавање во нешто подлабоко. Ако ги реализирате своите идеи, тоа може да значи почеток на убава љубовна врска.

Стрелец

Неповолни деловни вести доаѓаат од пријател или долгогодишен соработник кој е далеку во странство. До крајот на денот ќе сфатите дека не е толку црно како што изгледаше на прв поглед. Очекувајте пријатно изненадување во љубовта.

Јарец

Планирајте го вашиот ден внимателно и ќе можете да изградите нова деловна стратегија која ќе ви донесе долгорочни резултати на кои ќе бидете многу горди. Фокусирајте се на работата, а љубовта и семејните односи оставете ги настрана.

Водолија

Доколку се најдете со можност да купите нешто големо или да потпишете некои многу важни вредни хартии, бидете внимателни бидејќи тоа не е поволен момент. Може да ви прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.

Риби

Додека се справувате со неважни проблеми, големите работи се лизгаат покрај вас. Фокусирани сте на сложеноста на работната средина и не можете да ја видите големата слика. Она што се случува денес е ирелевантно во споредба со она што следува. Чувајте ги силите за наредните денови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag