ХОРОСКОП ЗА 5-ТИ АПРИЛ: Јарецот е на праг на големи проблеми, а Лавовите да бидат внимателни со финансии

popara5 април, 20231min00
ca332baf191d4a81fa6fadfd398811049125778a

ОВЕН

Поминувате непотребно време организирајќи патување, а не сте сигурни дека се е изводливо. Не сте ги завршиле најважните работи. Проверете ги документите, условите за патување и средствата што ви се потребни. Грешките може да ви го комплицираат денот.

БИК

Планетарните транзити ви носат шанса конечно да ги презентирате идеите кои досега биле погрешно разбрани и да добиете поддршка од колегите од кои најмалку сте очекувале. Официјално ќе ве запознае и влијателна личност која ја познавате по видување.

БЛИЗНАЦИ

Прифаќате работи кои вашите соработници требало да ги завршат. Поради некоја причина, мислевте дека е само ваша должност да се жртвувате. Својата моментална тешкотија насочете ја кон вашиот љубовен живот, бидејќи вашата сакана може да биде неутешно осамена.

РАК

Доколку имате проблематични односи во работната средина, овој ден ви носи вистинско откритие. По прераспределбата на обврските, добивате неочекуван поттик од личност која до сега не била пријателски настроена кон вас.

ЛАВ

Вклучете ги соработниците и креирајте колективен работен план. Успехот е можен само на таков начин. Заедничката работа ќе ја работите со големо задоволство, па успехот е сигурен. Грижете се за финансиите, ве очекува непланиран трошок.

ДЕВИЦА

Не сте сосема сигурни што навистина сакате. Можно е мало подобрување на расположението, иако некои проблеми сè уште постојат. Сепак, можете да здивнете, бидејќи денешниот ден не носи ништо спектакуларно добро, но што е најважно, нема ниту влошување.

ВАГА

Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Наскоро ќе добиете финансиски прилив кој целосно ќе ги промени околностите во кои работите, а со тоа ќе ја избрка напнатоста која ве мачи.

ШКОРПИЈА

Врската со саканата личност не оди онака како што би сакале. Можеби малку бе разгалела, па несвесно сте влегле во улога на жртва, на која се и е дозволено. На другата страна може да и здодее таквата атмосфера, а кога ќе сфатите, ќе биде предоцна.

СТРЕЛЕЦ

Во љубовните врски сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде поттик за непријатни дискусии. Доколку не станете сериозни и не прифаќате критики, обичната дискусија може да прерасне во сериозен конфликт, по што следи раскол.

ЈАРЕЦ

Вие сте на прагот на промена со која завршува една фаза од вашиот живот. Не очекувајте брзи решенија бидејќи трансформацијата ќе потрае. Покрај тоа, имате контакт со постара личност која носи добри можности и важни животни лекции во вашиот живот.

ВОДОЛИЈА

Може да се случи да добиете информација која некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да се воздржите, но во моментов најдобро е да молчите. Внимавајте што зборувате, дури и во средина која нема никаква врска со вашиот професионален живот.

РИБА

Ангажирани сте на многу начини. Колку и да работите, уживате. Грижете се за вашата физичка кондиција, бидејќи неуредниот живот и уморот си го земаат данокот. Ако не престанете, ве очекува сериозен пад на енергијата и настинка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma