ХОРОСКОП ЗА 5-ТИ МАЈ: Вагите се соочуваат со големи предизвици, а Стрелците се чувствуваат загрозени

popara5 мај, 20231min00
179ae8dfae3e5e457ae96e38e670d41f3ced3e7e

Овен

Принудени сте да поминувате часови околу луѓе кои не ви ја покажуваат почитта што мислите дека ја заслужувате. Нивното игнорирање не е злонамерно, се работи за луѓе чии интереси немаат врска со вашите, па затоа не сте интересни да ве оценуваат.

Бик

Ставате розови очила и си дозволувате да потонете во царството на имагинацијата и соништата. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која ви испраќа знак на почит со своето добронамерно однесување и верувате дека тоа се љубовни сигнали.

Близнаци

Вишокот слободно време ви дава простор да се запрашате дали патот по кој одите е вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради реално лоша ситуација, туку се вклучени многу подлабоки механизми кои, во моментов, не можете да ги видите.

Рак

На вашите проблеми им доаѓа крајот. Оној малку жар што ќе остане во вас по периодот зад вас ќе биде доволно да ве поттикне повторно. Искористете ја денешната пауза, темелно подгответе го теренот за периодот што претстои.

Лав

Можни се потези кои суштински ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку размислувате за парични кредити, најдобро е да се откажете бидејќи по потпишувањето на договорот ќе ве чека непријатна клаузула која не сте ја забележале на време.

Девица

Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.

Вага

Во вас сериозно расте тензијата бидејќи се соочувате со големи предизвици кои треба да ги решите. Добро функционирате под притисок, но во моментот кога ќе ги доведете работите до крај, ви следи забележителен пад на енергијата, што може да остави трага на вашето здравје.

Шкорпија

Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во вашиот семеен круг. Кулминацијата ќе пристигне во текот на попладневните часови, бидејќи ќе се случат принудни промени, доколку до тогаш не ги спроведете доброволно.

Стрелец

Чувствувате дека некој ви се заканува. Победата е можна со голема борба доколку сте доволно упорни. Многу луѓе во овој период ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, а сето тоа како резултат на некои промени кои се случуваат во компанијата во која сте вработени.

Јарец

Транзитите ви носат шанса конечно на прифатлив начин да ги презентирате вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од колегите од кои најмалку сте очекувале. Исто така, бидете внимателни во сообраќајот.

Водолија

Партнерот ве провоцира и искушува. Ако реагирате премногу брзо, нешто што сте сакале да го премолчите може да излезе во афект. Бидете одмерени за врската да не заврши со раскинување, особено ако криете нешто што вашата сакана не смее да го знае.

Риби

Пред вас е ден во кој ќе се борите помеѓу тоа да бидете покорни и по сечија волја и потребата да реагирате бурно, поттикнато од критиките кои би сакале да ги упатите кон другите. Резултатот од сето тоа е голем замор кој ќе ве совлада во текот на вечерта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag