Овен
Не сте во форма, а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете се што може да чека поповолен момент.
Бик
На повидок е паричен прилив кој ќе ја намали тензијата која трае веќе некое време. Не преземајте нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Во текот на денот можно е да сретнете необична личност со која е можна љубовна авантура.
Близнаци
Добивате подарок од партнерот. Одлично време е привремено да ги закопате секирите и да размислите како да ги решите вашите недоразбирања. Доколку ја пропуштите оваа можност, долго ќе чекате нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.
Рак
Пред вас е ден во кој ќе се борите помеѓу да бидете покорни и по сечија волја и потребата да реагирате бурно, поттикнати од критиките што би сакале да им ги упатите на другите. Резултатот од сето тоа е голем замор кој ќе ве обземе во текот на вечерта.
Лав
Ви се враќаат самодовербата и оптимизмот. Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да ги рестартирате активностите со луѓе кои ги елиминиравте пред некое време. Вашата убедливост може да донесе резултати ако сте искрени за се.
Девица
Имате потреба да контролирате сè околу вас, а немате механизми да го поддржите тоа. Лошата вест е дека ќе мора да се откажете од некои ваши позиции кои беа прилично бескомпромисни. Насочете го вашето внимание кон саканата личност, им треба поддршка.
Вага
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Саканата личност не може да го следи хаотичното темпо во кое западнавте во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.
Шкорпија
Вие сте мајстор да се оптоварувате со работа, но прашање е дали секоја ваша обврска е исплатлива. Поради преголема несигурност, вие прифаќате на ваша штета се што се бара од вас, наместо да заземете јасен став и со тоа да се ослободите од притисокот.
Стрелец
Прифаќате работи кои вашите соработници требало да ги завршат. Поради некоја причина, мислевте дека е само ваша должност да се жртвувате. Вниманието насочете го кон љубовниот живот, бидејќи вашата сакана може да биде неутешно осамена.
Јарец
Совршено сте координирани, па денот минува без поголеми проблеми. Меѓутоа, задачите ги извршувате рутински, па поради недостаток на концентрација, постои можност да направите превид кој може да предизвика мала штета која лично не ви оди во прилог.
Водолија
На пат сте кон остварување на големи планови. Сепак, заборавате дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинското време. За вас оваа недела не е пресудна, па постапете соодветно. Ако планирате патување, размислете за можноста за одложувања.
Риби
Ве очекува важна лекција во која треба да ја надминете вашата страст, која е вашата главна особина која често делува против вас. Свесни сте за својот потенцијал, но мора да бидете и свесни дека не можете да продолжите да бидете тврдоглави.