Истражувањата покажаа дека одредени намирници, особено оние со висока содржина на хранливи состојки како калиум и магнезиум, го намалуваат крвниот притисок.
Хипертензија или висок крвен притисок е најчестиот фактор за срцеви заболувања кои можат да се спречат. Често се припишуваат лекови за намалување на притисокот, но промените во животниот стил како и промени во исхраната, можат да помогнат во тој процес и во намалување од ризикот за срцеви заболувања.
Кои намирници можат на природен начин да го намалат крвниот притисок?
Цитруси
Грејпфрут, портокали, лимон можат да имаат моќен ефект при намалувањето на крвниот притисок. Преполни се со витамини, минерали и хемикалии кои можат да помогнат во одржување на здравјето на срцето, намалувајќи ги факторите од ризик за срцеви заболувања.
Лосос и други масни риби
Масната риба е одличен извор на омега-3 масти кои имаат голема предност за здравјето на срцето. Овие масти можат да помогнат во намалување на нивото на притисокот со намалување на воспаленијата.
Семки од тиква
Тие се концентриран извор на хранливи материи важни за контрола на крвниот притисок, богати се со магнезиум, калиум и аргинин.
Зрнесто овошје
Поврзано е со различни импресивни предности меѓу кои и способноста за намалување на факторот за ризик од срцеви заболувања. Зрнестото овошје е богато со антиоксиданси. Капини, малини и јагоди се само дел од зрнестото овошје поврзано со ефектите на намалување на крвниот притисок.
Морков
Основен зеленчук во исхраната на многу луѓе е токму морковот. Богат е со соединенија кои помагаат во опуштање на крвните садови и намалување на воспаленијата, што може да помогне во намалување на крвниот притисок.
Јогурт
Јогуртот е млечен производ богат со хранливи состојки преполни со минерали кои помагаат во регулирање на крвниот притисок, меѓу кои и калиум и калциум.