Храна која може да биде дел од вашата рутина за убавина

popara4 декември, 20231min00
Храна која може да биде дел од вашата рутина за убавина

На вашето лице, тело и коса понекогаш им треба пауза од разни мешавини на препарати, а со овие состојки ќе им пружите големо задоволство.

Минимална шминка, сјајна кожа и природен изглед се главните атрибути кои ќе бидат во првите редови на овогодинешните трендови.

Како да го добиете тој прекрасен природен изглед,ако не со извлекување на најдобрите состојки за убавина на нашата кожа и коса и обезбедувајќи им место во нашата рутина за нега?

Ова се намирници кои имаат место во кујната,но секако и на вашата козметичка листа,наведува „women.com“.

1. Јајца за сјај на косата
Јајцата имаат поинаква улога покрај тоа што се главен производ за појадок.Вашата коса се потпира на витамини за навистина да ја покаже својата убавина,да остане здрава и да го задржи својот сјај.Јајцата се богати со витамини А, Б, Д и Е, кои тонат во фоликулите и помагаат вашата коса да биде сјајна и здрава.

2. Миење на лицето со лимон
Лимонот дефинитивно владее со витаминот Ц,а штета е да не го користите!Кога се нанесува на лицето,лимонот е неверојатен за спречување на избивање и борба против бактериите.Богат е со колаген,кој е одличен за борба против брчките,како и за општо чистење на кожата од бактерии.Пред да го нанесете на лицето,погрижете се да немате отворени рани,во спротивно овие совети ќе се претворат во тестови за издржливост.

3.Краставица против темни кругови околу очите

И покрај популарност во филмовите и хумористичните серии кога се нанесува на очните капаци,краставицата има многу добри причини да стане ѕвезда на вашата ноќна рутина.Разладената краставица ја прави едноставната работа за забавување на протокот на крв во окото додека полека дозволува кожата да ја апсорбира влагата од нејзината површина. Правејќи го ова секоја вечер е одличен начин да се борите со темните кругови или очите кои се подуени од алергии и романтични филмови.

Овие намирници ќе ви помогнат да го подобрите квалитетот на вашата рутина без да земете нешто за возврат,затоа не штедете на нив!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag