Многу пренхранбени производи како што се кофеинот, чипсот и некои млечни производи се потенцијални причини за главоболка.
Но, постои и огромен број на производи кои можат да ја спречат или ослабат вашата мигрена.
Зеленчук
Спанаќот, руколата и зелената салата се само некои од зелените намирници со која се намалува појавата на хронични болести вклучувајќи ги и главоболката и мигрената.
На пример, спанаќот е богат со витамиите Б2 и Б6 и омега-3 за кои е докажано дека ја ублажуваат мигрената.
Јаткасти плодови и семки
Кога следниот пат ќе почувствувате главоболка, земете од вашите омилени јаткасти плодови.
Постојат докази дека луѓето што патат од главоболка и мигрена имаат недостаток на магнезиум во организмот.
Затоа слободно јадете бадеми, индиски ореви, сончоглед, кикирики за да го добиете потребното количество магнезиум.
Јајца
Една од омилените работи за доручек е всушност и одлично оружје против главоболка.
Јајцата се полни со витамин Б2.
Две големи јајца содржат 24 проценти од потребата за дневна доза рибофлавин.
Интегрални житарици
Еден од наједноставните начини како да ја излечите главоболката е редовно да конзумирате интегрални житарици.
Познато е дека ниското ниво на шеќер во крвта може да биде причина за мигрена, затоа не ги прескокнувајте оброците.
Конзумирајте јачмен, пченица, овес и леб од интегрални житарици.
Риба
Едно истражување во кое учествуваа луѓе со хронична главоболка, покажа дека со поголемо внесување на омега-3 масните киселини може да се намали појавата на главоболка и да се поправи општата состојба на организмот.