Сите ние сакаме сирења бидејќи одат со речиси секаков вид храна, но проблемот е што многу брзо се расипуваат. Сепак, постојат неколку трикови и совети со кои можете да го продолжите нивниот рок на траење.
Многу луѓе ги обожаваат сирењата и ги користат во подготовка на разни јадења. Ги има во најразлични форми и вкусови, а токму поради разликата, како по вкус, така и по текстура, сирењата одговараат на повеќето јадења. Меѓутоа, проблемот е што брзо се расипуваат.
Од друга страна, синото сирење и полутврдото сирење можат директно во пластична кеса (торба за замрзнување или која било друга чиста кеса). Сепак, младото сирење треба да го чувате во пластичен сад со капак. Свежото сирење треба да го чувате во оригиналното пакување и да ја менувате водата на неколку дена.
Исто така, не заборавајте да ги чувате сирењата во фрижидер, на полицата каде што го чувате зеленчукот. Причината зошто треба да ги чувате таму е тоа што таму температурата е ладна и стабилна, без многу промени, што е идеално за намирници како сирење.
Ако зборуваме за рокот на траење на сирењата, тој зависи и од видот, но најважно е да се запамети дека колку е потврдо сирењето, толку ќе му биде подолг рокот на траење.
За да го заштитите сирењето од мувла, користете малку масло така што ќе го намачкате сирењето со малку маслиново или растително масло и потоа ќе го ставите во пластичен сад со капак. Маслото секогаш можете да го избришете со хартиена крпа, а сирењето можете да го измиете и во топла вода и да уживате во неговиот вкус, пренесува „Нови.ба“.