Кога ќе видиме фризура направена без да се гледа ниту еден додаток за коса, веднаш знаеме дека има тенки шноли во косата.
Станува збор за малите, „невидливи“ шноли кои можат многу да помогнат кога станува збор за создавање елегантна фризура или само кога треба да ја прицврстиме косата и да ја држиме подалеку од лицето.
Фризер на Тик Ток открива каде грешиме кога ги користиме овие шноли, па не ни служат како што треба.
Имено, Сара Клер смета дека вообичаениот начин на отворање на шнолата прво носи повеќе штета отколку корист. Не треба да ја отвараме, туку ако е така затворена само да ја плетеме во косата со минимално отворање.
@sarahclairehair When I realized this, it made using bobbypins so much easier!! #bobbypin #hairtutorial #hairtipsandtricks
На овој начин шнолата нема да се гледа и посилно ќе ја држи косата.
Овие шноли за коса изгледаат како долги иглички кои се користат за држење и затегнување на косата. Сепак, многу жени ги користат на погрешен начин.