„Луѓето ја прават првата грешка кога премногу го втриваат шампонот. Чувството е добро, но предизвикува заплеткување на косата, што доведува до оштетување“, вели фризерот.
Познатиот американски фризер Бред Мондо тврди дека повеќето луѓе грешат кога ја мијат косата.
„Нема потреба да го правите тоа, бидејќи косата ќе ви опаѓа повеќе од нормално“, вели познатиот фризер.
Бред советува да ја миете косата со нежни движења од една на друга страна наместо со кружни движења. Тој наведува и дека косата треба да се мие со млака, а не со ладна вода, а количината на сапуница не е мерило дали косата е измиена или не.
Што се однесува до количината на шампон, Бред предлага, без разлика на должината на косата, да користите количина од шампон во големина на „две парички“. Фризерот од Њујорк советува и дека шампонот треба да се втрива само на темето, а не по врвовите на косата.
Погледнете го видеото на Бред Мондо кое е прегледано преку 12 милиони пати: