Убавата Џенифер беше фотографирана на романтична вечера во Беверли Хилс со познат милионер, што беше доволно американските медиуми да прашаат дали покрај храна има и пеперутки во стомакот.
Џенифер вечерала со интернет-претприемачот Крис Диксон, кој вреди неверојатни 400 милиони долари.
Некои медиуми заклучуваат дека нивната облека навестувала дека можеби на повидок е нова љубов меѓу познатите.
Актерката која цел свет ја сакаше како Рејчел во “Пријатели” и чиј љубовен живот будно го следат медиумите носеше црн фустан со прерамки, кој го искомбинира со сандали и накит.
Крис Диксон убаво одговараше на софистицираноста на пригодата облечен во сива кошула и сини панталони.
Според извештаите, парот заедно го напуштиле ресторанот околу 22 часот. Сепак, се чини дека после тоа си заминале секој по дома со своите автомобили.
Диксон е познат како генерален партнер во многу успешна фирма во Калифорнија од 2013 година.
Неговото импресивно портфолио вклучува ко-основање и водење на два стартапи, „SiteAdvisor“ и „Hunch“. „SiteAdvisor“ е специјализиран за безбедност на Интернет и на корисниците им дава предупредувања за заканите за безбедност на интернет.
Пред тоа, Крис магистрираше филозофија на Универзитетот Колумбија,заедно со МБА од Харвард.