Цеца понесе чанта која е се попопуларна во светот на модата: Пејачката откри дека до крајот на сезоната ќе и требаат околу 130 стајлинзи (ФОТО)

13 февруари, 20230
680fdfbe3627e3b59dbd335d518460d5f8a78e43

Цеца успева да биде иновативна со секое појавување

Светлана Цеца Ражнатовиќ се труди да биде иновативна секој пат кога ќе се појави на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“. Иако не е лесно за секое снимање да има нов стајлинг кој ќе биде подеднакво забележан, таа се снаоѓа.

Денеска се снимаше нова емисија, а Цеца реши да носи црно од глава до пети. Пејачката знае дека класиката е секогаш во мода и дека нема грешка.

Таа се појави во светкави панталони и чизми збогатени со тул, а целокупниот стајлинг го збогати и со црна наметка и голема плик чанта која зазема се повисоко место во светот на модата.

– Немам повеќе инспирација! Пресметав дека до крајот на сезоната само за моето шоу ќе ми требаат околу 130 стајлинзи, се на се. Посебно „Ѕвезде Гранда“, посебно концерти, не знам како да го изведам тоа без да повторам нешто. Едноставно е невозможно, мислам да не личи на некој стајлинг, нешто што веќе сум го носела. Не ми е лесно – низ насмевка изјави Цеца.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *