Избркајте ги молците и елиминирајте ги мирисите од готвењето со помош на цимет
Циметот не е само одличен додаток на пијалоците, туку може да се користи на многу начини. На некои веројатно никогаш не би ни помислиле.
Одличен освежувач на простории
За вашиот дом да има пријатен мирис, стапчето цимет е одлично. Во литар вода ставете парчиња портокал, четири стапчиња цимет и полна шака брусница и варете на тивок оган 15 минути. Целиот дом ќе замириса неверојатно.
Друг начин, исто толку ефикасен, е да ставите ластиче околу свеќа и да ставите стапчиња цимет под него, а топлиот восок ќе го загрее циметот.
Избркајте ги молците
Познато е дека лавандата ги одбива молците, но ако додадете стапче цимет и малку рузмарин во платнена кесичка, вашата гардероба ќе биде безбедна.
Ослободете се од мравките
Факт: мравките мразат цимет и одбиваат да одат во близина на миризливиот зачин. Наместо да користите хемиски спрејови со силен мирис, посипете малку цимет во сите ќошиња и пукнатини што мислите дека мравките може да ги најдат во вашиот дом.
Отстранете ја силната и непријатна миризба
По пржењето на храна таа миризба се шири низ домот и се задржува многу долго, но и во таа ситуација циметот е неприкосновен. Посипете малку цимет во прав на голема тава и печете на 120°C еден час. Ова треба да ги елиминира сите непријатни мириси.