Никому не му е пријатно да мириса непријатен мирис, без разлика дали тој доаѓа од сопствените или од туѓите чевли. Непријатните мириси се појавуваат од повеќе причини, а доколку ви се случи вакво нешто задолжително консултирајте се со дерматолог.
Во меѓувреме, неутрализирајте ги непријатните мириси на сосема природен начин. Постојат неколку лесно достапни решенија.
Во однос на бактериите кои се формирале и се размножуваат во топла и влажна средина, зависи и непријатниот мирис, како оној што се чувствува кога стапалата претерано се потат. Потоа, постои и опасност од габи и мувла кои предизвикуваат смрдеа.
Ако сакате брзо да ги отстраните непријатните мириси и мувлата од чевлите, користете хартија од стари весници и списанија.
Влагата на стапалото заробена во чевелот ќе се отстрани со оставање на листови весник стуткани во топка во чевелот преку ноќ. Хартијата можете да ја чувате внатре додека не ги носите, па дури и по миењето на чевлите додека чевлите не се исушат.
Уште еден трик е да ги дезодорирате чевлите така што ќе ставите парче портокалова кора внатре преку ноќ или додека чевлите не се носат и ќе ја отстрани лошата миризба. Најпознатиот трик е да користите сода бикарбона. Внатрешноста на чевелот добро посипете ја со сода бикарбона и оставете ја преку ноќ, а потоа измијте ја наутро. Сода бикарбоната го апсорбира лошиот мирис, а исто така ги отстранува бактериите и мувлата што се наталожуваат во чевелот.
Оставањето отворена кутија со тигарска маст во аголот на решетката за чевли е ефикасен начин за борба против лошиот мирис. Таа е особено ефикасна против бактериите кои се наталожуваат во патиките. Можеби изгледа неверојатно, но ефикасен метод е да ставите чорап исполнет со мачкин песок во внатрешноста на чевлите. Овој трик е одличен за апсорпција на мириси.
Ставањето на чевлите во замрзнувач на неколку часа, исто така може да ве насмее, но само откако ќе ги ставите во херметички затворена пластична кеса! Овој трик се користи за да се убијат бактериите одговорни за непријатниот мирис.