Шминката за очи како сирена е тренд кој во последно време станува се попопуларен, а манекенката Бела Хадид долго време го користи овој метод на шминкање.
Овој заводлив изглед кој полуде милиони на TikTok, а видеата на таа платформа со хаштаг #sireneyes имаат над 355 милиони прегледи.
Со оглед на мистериозниот изглед постигнат со овој трик за шминкање, како и ефектот на лифтинг, не е чудно што меѓу неговите обожаватели има и некои познати модни икони.
@makeup_rhk Siren eyes 🖤👁 #makeup #sireneyes
Овој трик за шминкање е нова верзија на класичниот изглед „cat eye“, каде потегот со молив или ајлајнер е продолжен во внатрешниот агол на окото кон носот и се издолжува на надворешното „крило“. Постигнувањето на оваа форма е всушност многу едноставно – ако сте вешти со ајлајнер или молив.
Овој трик бара и малку експериментирање бидејќи треба да се прилагоди на одредената форма на окото. Оние со помали очи можат визуелно да го „отворат“ средниот дел на очниот капак со моливче во боја на кожа, оние со поблиску поставени очи треба да стават малку помалку ајлајнер во внатрешниот агол, а може дополнително да ги отворат очите со светкава бисерна сенка.
@daniellemarcan you asked, i receive <3 #sireneyes #makeup #beauty #smokey